Две години мандат на владата на Мицкоски
Пред две години во Собранието беше изгласана владата, која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски. „За“ гласаа пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и „Знам“.

На денешен ден пред две години во Собранието беше изгласана владата, која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски. „За“ гласаа пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и „Знам“.
Мицкоски во говорот најави високо темпо на работа уште во првите 100 дена од мандатот, привлекување инвестиции и резултати, кои ќе бидат видливи за граѓаните. Во однос на евроинтеграциите, шефот на владата потенцира дека бугарски диктат додека е тој премиер нема да помине и нема да има уставни измени. И порача на опозицијата дека ќе им биде потребно време за да ја вратат изгубената довербата од граѓаните.
Христијан Мицкоски е тринаесеттиот премиер и ја предводи 20-тата влада од осамостојувањето на Македонија во 1991 година.
