МВР

Приведен скопјанец осомничен дека предизвикал пожар во Горно Оризари

24.06.2026 16:44

Полицијата приведе 43-годишен жител на Скопје, осомничен дека предизвикал пожар во плевна со сено во селото Горно Оризари. Во пожарот нема повредени, а огнот е изгаснат од скопската противпожарна бригада.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне го лишиле од слобода Д.У. (43) од Скопје, поради сомнение дека предизвикал пожар во плевна со сено во скопското село Горно Оризари.

Како што информира МВР, приведувањето било извршено на подрачјето на Бит Пазар во 17:35 часот, по претходна пријава за настанот. Според информациите, станува збор за лице со здравствени проблеми.

Во пожарот нема повредени лица, а екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенирале и го изгаснале огнот.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.