Заврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“
Под покровителство на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, во Скопје заврши тридневната меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, на која учествуваа државници, дипломати, професори, експерти и млади лидери од Европа и Азија.

Во организација на Кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери, од 22 до 24 јуни во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“.
На конференцијата се дискутираше за глобалните безбедносни предизвици, економската соработка, културната размена, дигиталната трансформација и улогата на младите во современиот свет.
На панелите учествуваа поранешни и актуелни политичари, дипломати, универзитетски професори, претставници на меѓународни организации и бизнис-заедницата од повеќе земји.
Во заклучоците беше истакната потребата од поголема меѓународна соработка, почитување на различностите и јакнење на меѓусебната доверба како предуслов за мирна и стабилна иднина. Организаторите оценија дека конференцијата придонела за продлабочување на дијалогот и размената на идеи меѓу учесниците од различни земји и области.
