Македонија
МВР: Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, проведено едно лице
25.06.2026 11:05
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и ризли.

Вчера во 20:30 часот, полициски службеници за недозволена трговија со дрога при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Р.(30) од Кавадарци.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
