Приведено лице од Кочани поради управување возило без возачка дозвола, пронајдена поголема количина брендирана роба
Во Кочани полициски службеници од Мобилниот тим при Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, сопреле патничко моторно возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) од Кочани.

Вчера околу 18:00 часот во Кочани полициски службеници од Мобилниот тим при Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, сопреле патничко моторно возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) од Кочани.
При извршената контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола а при преглед на возилото биле пронајдени 1.848 парчиња брендирана роба (маици, тренерки, шорцови и дуксери).
Лицето било лишено од слобода поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 297-а и член 285 од Кривичниот законик и било предадено во Полициската станица од општа надлежност Кочани за понатамошна постапка.
