Австралија

Малолетниците во Австралија ја заобиколуваат забраната за социјалните мрежи

26.06.2026 19:31

Малолетниците успеале да ги заобиколат ограничувањата и најчесто со едноставно внесување лажна возраст или со користење фотографии што системите за проверка ги прифатиле како доказ дека се постари од 16 години.

Голем дел од лицата под 16 години во Австралија сè уште ги користат социјалните медиуми и покрај забраната воведена во декември. Малолетниците успеале да ги заобиколат ограничувањата и најчесто со едноставно внесување лажна возраст или со користење фотографии што системите за проверка ги прифатиле како доказ дека се постари од 16 години.

Австралискиот премиер најави дополнителна проверка на законот и воведување таканаречен „стрес тест“ со кој ќе се утврди каде постојат слабости во системот.