Љутков: Културата и туризмот повторно станаа државен приоритет
Министерот за култура и туризам порача дека културата останува негов приоритет независно од владината реконструкција. Во отчетот за двегодишниот мандат ги истакна зголемените буџети, новите национални установи и подготовката на три клучни стратегии.

Без оглед дали по реконструкцијата на владата ќе остане во министерската фотелја или не, Љутков рече дека секогаш ќе остане посветен на културата, бидејќи според него, тоа е најважното министерство. Оценува дека по две години системски реформи – културата и туризмот повторно се државен приоритет.
Љутков во отчетот за изминативе две години ги наведе зголемениот број на национални установи, обезбедените повеќе пари за културата и туризмот, за Агенцијата за филм. Буџетот за туризам бил зголемен за 200% во однос на 2023-та година, а повеќе пари треба да има и од надоместокот од игрите на среќа.
Љутков информираше дека во завршна фаза се Националната стратегија за развој на културата, Националната стратегија за културно наследство и Националната стратегија за развој на туризмот.
Ана Јосифоска
