пензии

Најавени реформи за вториот пензиски столб

26.06.2026 16:49

Предложени реформи за стабилизација на пензискиот систем. По предупредувањата дека корисниците во вториот столб може да бидат непријатно изненадени, МАПАС смирува – идните пензионери да бидат спокојни.

Не се неосновани предупредувањата дека пензиите на идните пензионери од вториот пензиски столб ќе бидат пониски, со оглед на тоа дека една третина од средствата за пензиско осигурување се акумулираат токму таму, што притиска на ПИОМ – вели првиот човек на ова институција, Мемов. Но, тој вели дека не смее да се занемари фактот дека има три милијарди евра има на сметките на осигурениците од вториот столб. Мемов најавува реформи за да се заштитат осигурениците. Една од клучните работи, според него е промена на механизмите за инвестирање на средствата од вториот столб кои сега се ограничени на 30 насто.

Регулаторот МАПАС уверува дека граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи законски пензиите не треба да бидат под минималната плата. Веќе поднеле предлози кои се во владина процедура.

Деновиве, премиерот Мицкоски рече дека корисници на вториот пензиски столб може да се изненадат од тоа колкави ќе бидат нивните пензии, а и гувернерот Славески процени дека пензиите на 70 до 80 насто од осигурениците може да бидат пресметани под минималниот износ, па дел од нив да мора да се префрлаат во првиот столб или преку ПИОМ да се надоместува разликата.

Александра Велинова