Пелагонија

Пелагониската житница пред жетва - земјоделци очекуваат добар принос

28.06.2026 20:35

И оваа година прашањето не се само колку ќе роди житото-туку дали откупната цена ќе ги покрие трошоците. Состојбата со житните култури, а особено пченицата се во одлична кондиција пред жетва. И оваа година се очекува добар принос, ни исто така и добра цена. Заради зголемените цени на репроматеријали, земјоделците оваа година очекуваа цената на лебното зрно да изнесува 16 денари.

Подготовките за претстојната жетва во Пелагонија се во завршна фаза. Жетвата на јачменот започнува, додека на пченицата за десетина дена. Според проценките на земјоделците-житните култури се во добра кондиција и оваа година се очекува добар принос од околу 4-5тони по хектар

Заради актуелните состојби со војните, цените на репроматеријалите пораснаа, со тоа се зголеми и производствената цена. Ако лани пченицата се откупуваше по 12, оваа година земјоделците очекуваат најниската цена да биде 16 денари по килограм, за да можат да ги покријат трошоците

Покрај неизвесноста за откупната цена, неизвесно е и кога земјоделците ќе ги добијат субвенциите од 3 денари по килограм од ланската жетва. Тие предлагаат-субвенциите да бидат вкалкулирани во откупната цена, за да ги добијат навреме-наместо да ги чекаат како помош од државата.

Во најголемата житница Пелагонија-оваа година повеќе од 15 илјади хектари се подготвени за жетва, од нив 12 илјади хектари со стратешката култура пченица

Жетвата допрва треба да започне, но за земјоделците вистинскиот резултат ќе биде познат, дури кога житото ќе биде ожнеано, измерено и предадено.

Александра Максимовска