Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака – ништо нема да не обесхрабри

28.06.2026 09:35

Дали во оваа држава постојат надлежни за да не дозволат и овој судски процес да заврши со однапред договорен исход, заднински влијанија и прикривање на вистината, прашаа родителите на трагично загинатите деца во „Пулс“ на 46-тиот Марш на ангелите во Кочани.

До кого е потребно да се обратиме за контрола за правилен тек на судењето? Дали во оваа држава постојат надлежни за да не дозволат и овој судски процес да заврши со однапред договорен исход, заднински влијанија и прикривање на вистината, прашаа родителите на трагично загинатите деца во „Пулс“ на 46-тиот Марш на ангелите во Кочани.

Обвинуваат оти на одбраната и било дозволено да прави неред во судницата и неосновано да бара да се изземе од случајот обвинителката Наташа Сарамандова. Родителите прашуваат како ќе се утврди вистината ако не се презентираат доказите?

Порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието да се оддалечи од суштината, не ги обесхрабрило, туку им е дополнителна мотивација уште погласно да ја бараат правдата.