Уапсени четворица поради сомнежи за убиство на 48-годишна жена од скопско Траор
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летовци каде што е пронајдено безживотно тело на жена од скопско Таор.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летовци каде што е пронајдено безживотно тело на жена од Таор.
Педесет и едногодишен маж со иницијали С.Г. од скопско Таор е приведен под сомнение дека ја убил 48-годишната Ж.Г., со која живеел во иста куќа, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, на 26 јуни С.Г. пријавил во полициска станица дека Ж.Г. се оддалечила од домот. Следниот ден повторно се обратил во полицијата, пријавувајќи дека ја пронашол почината во близина на селото Летевци, во скопскиот регион.
По извршениот службен разговор, С.Г. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.
Во рамки на истрагата, приведени се и З.М. (62), Г.Б. (64) и М.Д. (69).
Од МВР информираат дека, во координација со надлежен јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
