Воен конфликт

Украина напаѓа руски рафинерии, Москва призна проблеми

29.06.2026 15:16

Русија, пак, за првпат потврди дека се соочува со проблеми поради украинските напади, но нагласи дека ситуацијата е стабилна и под контрола, а оштетените објекти брзо се санираат и прекините не се критични.

Киев потврди дека украинските сили извршиле успешни напади врз рафинерии длабоко во Русија, наведувајќи дека секој удар ги намалува ресурсите на руската воена машинерија и е чекор поблиску до мир. Русија, пак, за првпат потврди дека се соочува со проблеми поради украинските напади, но нагласи дека ситуацијата е стабилна и под контрола, а оштетените објекти брзо се санираат и прекините не се критични.

„Сè функционира сигурно и со голема маргина на безбедност. Без разлика каде ја погодуваат нашата инфраструктура, немаат апсолутно никакво влијание врз ситуацијата на фронтот, на линијата на контакт“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.