Топлотен бран

Пеколни горештини низ државата

29.06.2026 17:14

Топлотниот бран ја зафати земјата, а температурите се приближуваат до 40 степени. Лекарите предупредуваат, граѓаните да избегнуваат престој на отворено од 11 до 17 часот. Од среда се очекува постепено освежување со ветер и локален дожд.

Пеколни температури ја зафатија земјава. Топлотниот бран го стави на испит здравјето на граѓаните. Температурите се приближуваат до 40 степени, асфалтот се топи, сонцето немилосрдно пече.

Доволно е само неколку минути на отворено за сериозно да се сфатат апелите на лекарите, да не се излегува од 11 до 17 часот.

Дури и сенката не е спас за високите температури. Но, сепак неопходно е да се завршат обврските.

Лекарите со апел да се пијат повеќе течности, да се носи светла облека. Волонтерите од Црвениот крст се на терен. Мобилни тимови ќе укажуваат прва помош.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат веќе од среда до сабота намалување на температурите. Се очекува ветер и повремен дожд грмежи.

Ана Јосифоска