Реконструкција на Влада

Се финализира владината реконструкција

29.06.2026 17:02

Се исцртуваат контурите на новиот кабинет на премиерот Мицкоски. Постигнат е начелен договор за распределбата на ресорите, персоналните решенија ќе се објават утре.

Владината реконструкција влегува во својот финиш. Ресорите се поделени потврди премиерот Мицкоски кој не ги откри имињата на новите министри.

Мицкоски не потврдува дали „Вреди“ ќе добие вкупно шесте ресори по реконструкцијата, меѓу нив и правда и култура, со кои досега раководеа кадри на „Знам“ и на ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека преговорите се водат за избор на новите имиња на министрите. Нови средби меѓу коалициските партнери.

По реконструкцијата на владата чистка и во вториот и третиот ешалон. Премиерот најави дека разговорите ќе почнат во септември.

Замената на луѓе во ресорите нема да донесе ништо ново, „сè ќе остане статус кво“, вака претседателот на СДСМ, Филипче ја коментира владината реконструкција. Целта е вели богатење на поединци и изолација на државата.

Со сличен став и интегративците. Каква и да е распределбата во владата тие ќе бидат извршителите или адвокати за блокирање на европската интеграција на земјата и ревидирање на мировниот договор, коментар и од ДУИ.

Дел од коалициските партнери брифираат дека во преговорите сите карти остануваат отворени. „Знам“ на Максим Димитриевски добива два ресора, партијата на Меџити и Касами објави дека ќе предводи шест.

Сепак, финалната одлука ја носи премиерот Мицкоски, по седницата на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Викторија Милевска