Собрание

Новиот Предлог-закон за оружје, пред пратениците

30.06.2026 09:40

Денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија.

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на двете комисии ќе се најдат Предлог-измените на Законот за испитување и жигосување, односно одбележување на огненото оружје и муницијата, како и Предлог-законот за јавни претпријатија и трговски друштва во сопственост или со учество на Република Северна Македонија.

Со законските измени се предвидува значително поедноставување на административните постапки, проширување на роковите и воведување нови електронски услуги за граѓаните. Меѓу главните новини е можноста за поднесување на едно барање за повеќе парчиња оружје, со регулирани исклучоци, согласно закон. Сите што пропуштиле да поднесат барање за набавка по основ на наследство или биле одбиени поради пропуштен рок, како и за легализација, пререгистрација или доброволно предавање на оружјето, имаат рок од една година од примената на законот.