Собрание

Усвоени измените на Законот за сообраќај, електричните тротинети со ограничување од 20 км/ч

30.06.2026 14:47

Собранието ги донесе измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за користење на електричните тротинети. Новите законски решенија предвидуваат максимална брзина од 20 километри на час и минимална возраст од 18 години за нивно управување.

Собранието денеска во рамките на 106. седница, ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се регулира учеството на електричните тротинети во сообраќајот.

Со измените се воведува максимална дозволена брзина од 20 километри на час за лесните електрични возила, во согласност со препораките на Европската Унија. Воедно, се зголемува и старосната граница за нивно управување на најмалку 18 години.

Законот предвидува и построга казнена политика, вклучително и можност за одземање на возилото во случаи на потешки прекршоци, како што се возење под дејство на алкохол, пречекорување на дозволената брзина, превезување друго лице или кога прекршокот е сторен од малолетник.

На денешните седници Собранието ги усвои и измените на Законот за испитување и обележување на огненото оружје и муницијата, како и новиот Закон за јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост.