Иран: Нема следна фаза без клучни клаузули
Техеран соопшти дека нема да премине во следната фаза додека не се финализираат петте клучни клаузули, меѓу кои прекин на непријателствата во Либан, укинување на блокадата на протокот, безбеден премин за комерцијални бродови без надомест само 60 дена и ослободување на замрзнатите ирански средства.

Делегациите на САД и Иран сè уште преговараат во Доха, но без состаноци на високо ниво. По разговорите со американските претставници, катарските медијатори на средба и со иранската делегација. Во фокус се регионалните прашања, меѓу кои примирјето во Либан и безбедносната состојба во Ормускиот теснец.
Техеран соопшти дека нема да премине во следната фаза додека не се финализираат петте клучни клаузули, меѓу кои прекин на непријателствата во Либан, укинување на блокадата на протокот, безбеден премин за комерцијални бродови без надомест само 60 дена и ослободување на замрзнатите ирански средства.
„Додека целосно не се спроведат првите пет одредби, вклучително и оние што се однесуваат на Либан, нема да преминеме на следната фаза од договорот“, изјави Мохамад Багер Калибаф, главен преговарач на иранската делегација.
И покрај договорот меѓу Израел и Либан, Тел Авив останува на ставот дека нема да се повлече додека Хезболах не се разоружа.
