Венецуела: Продолжува потрагата, речиси 2.000 загинати
Хуманитарните организации предупредуваат на преоптоварен здравствен систем и ризик од зарази поради лошите услови во кои престојуваат раселените лица. Паралелно продолжува и дистрибуцијата на храна и хуманитарна помош.

Продолжува потрагата по преживеани во Венецуела, каде бројот на загинати по разорните земјотреси се искачи на речиси две илјади. Иако шансите се сè помали, надеж влеа спасувањето на две деца шест дена по катастрофата, додека десетици илјади се водат за исчезнати.
Хуманитарните организации предупредуваат на преоптоварен здравствен систем и ризик од зарази поради лошите услови во кои престојуваат раселените лица. Паралелно продолжува и дистрибуцијата на храна и хуманитарна помош.
„Досега се пријавени 1.943 загинати, 10.571 повредени, а на 15.866 погодени лица им е обезбедено сместување. Сите национални и меѓународни тимови за помош се активно вклучени во спасувачките напори. Мора да се држиме до надежта дека ќе продолжиме да наоѓаме живи луѓе во неуморната потрага по преживеани“, изјави Хорхе Родригез, претседател на Националното собрание на Венецуела.
