Свет
14 деца загинаа при уривање на училиште во Пакистан
01.07.2026 08:51
Спасувачките екипи трагаат по можни преживеани, додека полицијата приведе две лица и отвори истрага.

Најмалку 14 деца загинаа, осум се повредени при уривање на покрив на училишна зграда во Лахор, Пакистан. Спасувачките екипи трагаат по можни преживеани, додека полицијата приведе две лица и отвори истрага.
„Повеќето од децата се на возраст од 8 до 11 години-момчиња и девојчиња. Поголемиот дел беа извлечени без пулс, а од болницата ја потврдија смртта на над 10 деца“, изјави Фарук Ахмед, службеник за спасувачка операција.
Вакви несреќи се чести во Пакистан поради непочитување на безбедносните стандарди и неквалитетна градба.
