Доказната постапка продолжува во случајот „Пулс“
Денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со презентирање на материјални докази на Обвинителството кои се однесуваат на работењето на Државниот пазарен инспекторат.

Во КПУ „Идризово“ денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со презентирање на материјални докази на Обвинителството кои се однесуваат на работењето на Државниот пазарен инспекторат. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Судењето е во доказна постапка. На претходното рочиште Обвинителството презентираше документација од Министерството за економија и труд, поврзана со лиценцирањето на дискотеката и исполнувањето на законските услови за нејзино работење.
Доказната постапка ја започна обвинителката Наташа Сарамандова, но по барањето на одбраната за нејзино изземање поради наводна пристрасност, со изведувањето на доказите продолжи друг јавен обвинител. Во знак на револт поради ваквиот развој на постапката, родителите на загинатите доброволно ја напуштија судницата.
