Статистика

Во мај за 9,1% зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

01.07.2026 10:34

Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 3,6 проценти, а реално е зголемена за 1,6 проценти...

Во мај годинава во однос на мај претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 9,1 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 3,6 проценти, а реално е зголемена за 1,6 проценти, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 6 проценти, а реално за 6,2 проценти и Трговија на мало со автомобилски горива реално е зголемена за 14,7 проценти, а номинално за 36,2 проценти.