Култура

„Танец“ и хрватскиот ансамбл „Ладо“ со два заеднички концерта во Битола и Скопје

01.07.2026 21:05

Националниот ансамбл „Танец“ и хрватскиот ансамбл „Ладо“ во јули ќе одржат два заеднички концерта – на 8 јули во Хераклеја во Битола и на 10 јули во Националната опера и балет во Скопје. Настапите ќе ги обединат македонската и хрватската фолклорна традиција преку музика, игра и народни носии.

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и хрватскиот ансамбл „Ладо“ ќе настапат на два заеднички концерта во Македонија, со кои ќе ја претстават богатата фолклорна традиција на двете земји.

Првиот концерт ќе се одржи на 8 јули на античкиот локалитет Хераклеја во Битола, а вториот е закажан за 10 јули во Националната опера и балет во Скопје.

Според организаторите, публиката ќе има можност да проследи програма што ќе ги обедини традиционалната музика, народните игри, автентичните носии и вокалната изведба на двата национални ансамбли.

Од „Танец“ најавуваат дека концертите ќе бидат единствена можност за заеднички настап на два ансамбла кои со децении ја негуваат и промовираат културната традиција на своите земји.

Билетите за двата концерта се пуштени во продажба преку мрежата на „Купи карта“, а бројот на места е ограничен.