МЗШВ

Стартува забраната за движење во шумските подрачја

01.07.2026 10:50

Од денеска до 31 август во сила целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште, мерка што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја воведува поради зголемената опасност од шумски пожари.

Земјоделците и сточарите се повикуваат на посебна претпазливост, а на оние што ќе ја прекршат забраната им следуваат високи парични казни, од илјада и 500-ни до 2 илјади евра во денарска противвредност.

Во овој период движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување што го издаваат подружниците на „Национални шуми“, односно националните паркови, секој за подрачјето со кое управува.