ГП „Табановце“

Промовирана кампањата „Вози одговорно“

01.07.2026 18:23

Летото ги полни патиштата, а институциите потсетуваат – најважно е да се стигне безбедно. Македонија и Србија од „Табановце“ ја почнуваат заедничката кампања „Вози одморен“, со порака до сите што тргнуваат на пат.

Македонија и Србија и ова лето ќе ја продолжат заедничката кампања „Вози одговорно“. Целта е поголема безбедност во сообраќајот и намалување на незгодите.

Кампањата на граничниот премин Табановце ја промовираа министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија. Задоволни од резултатите од изминатите години, апелираа возачите да бидат внимателни, бидејќи летото носи поголема фреквенција на патиштата. Повикаа да се прават паузи, на секои два часа. Најважно е безбедно да се стигне до посакуваната дестинација. Потсетија на преминот функционира едно запирање а се поминува и со лична карта. Времето на чекање е значајно намалено. При поголем наплив на патници се чека до половина час.

Граѓаните веќе заминуваат на летни одмори. Тоа го потврдува и статистиката. За 15 отсто е зголемена фреквенцијата на Табановце. Оние што ги прашавме задоволни, метежот засега не е голем.

МВР апелира до возачите и оние кои транзитираат низ државата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Системот „Безбеден град“ ги регистрира прекршоците. Се изготвува модел, наскоро и тие ќе се санкционираат.

Елена Георгиевска