Авиосообраќај

Скопскиот аеродром ја надгради безбедносната контрола на багажот

01.07.2026 17:27

Скопскиот аеродром го модернизира работењето. Концесионерот ТАВ – Македонија, инсталираше нов врвен уред, односно скенери за рачен багаж, вредни 1 милион евра. Новиот систем ќе овозможи побрз проток на патници и безбедноста ќе биде на повисоко ниво.

Рачниот багаж на аеродром оди на компјутерска томографија. За разлика од порано, патниците повеќе нема да вадат лаптопи, таблети и течности до еден литар од торбите – овие предмети ќе останат внатре за време на проверката.

Безбедносната контрола ќе биде побрза, времето на чекање ќе биде пократко, а удобноста ќе биде поголема.

И официјално беа пуштени два нови уреда вредни еден милион евра, со што безбедноста на Меѓународниот аеродром – Скопје е на повисоко ниво.

„Се овозможува и поголем капацитет на аеродромот, односно со новата технологија ќе се обработат до двојно повеќе патници на час по линија. Ова е клучно за справување со растечкиот сообраќај, особено во шпицот на сезоната“, изјави Неџат Курт, генерален директор на аеродромскиот оператор ТАВ Македонија.

Овие системи обезбедуваат поголема прецизност во откривање на потенцијални закани и значително ја намалуваат потребата од дополнителни физички проверки.

Меѓународниот Аеродром Скопје се позиционира рамо до рамо со големите европски центри, како што се Франкфурт и Цирих, каде што овие системи веќе се стандардни. Уредите се користат и во САД, Израел и Индија, што ја потврдува сигурноста и глобално прифаќање.

Борис Грујоски