Собрание

Власта и опозицијата не постигнаа консензус за новите измени на Изборниот законик

01.07.2026 17:08

Власта и опозицијата не постигнаа консензус за новите измени на Изборниот законик, по скратена постапка, со потписите од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ, ЗНАМ и од ДУИ. СДСМ не учествуваше во работната група за Изборниот законик, незадоволни од како што велат изгласувањето во Собранието да се укине Пржинската влада...

И следните избори ќе се спроведат според постојните изборни правила. Власта и опозицијата не постигнаа консензус за новите измени на Изборниот законик, по скратена постапка, со потписите од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ, ЗНАМ и од ДУИ. Камен на сопнување, предлогот за електронско гласање на дијаспората. СДСМ и Левица со околу 14 илјади амандмани најавија блокада. Таков беше и епилогот на Комисијата за политички систем. Само беше утврден дневниот ред, а прекинот следуваше со образложение дека треба да се архивираат и да се преведат. Премиерот Мицкоски рече дека е подготвен да ги прифати сите забелешки на СДСМ, освен одредбата што се однесува на електронското гласање на дијаспората.

Предложеното решение не е доволно безбедно и остава простор за злоупотреби, вели лидерот на СДСМ. Филипче предложи повлекување на одредбата за електронско гласање на дијаспората и за неа дополнително да работи експертска работна група, која би подготвила предлог до претседателските избори во 2029 година.

Координаторите на пратеничките групи, два дена зад затворена врата бараа решение, но неуспешно. Меѓусебно се обвинија за злоупотреба на гласачите, но и за кочење на Реформската агенда.

СДСМ не учествуваше во работната група за Изборниот законик, незадоволни од како што велат изгласувањето во Собранието да се укине Пржинската влада.

Андријана Ѓурческа