УХМР

Невреме зафати повеќе региони во Македонија, град и силен дожд во Скопје и Тиквешијата

01.07.2026 15:48

Пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град попладнево зафатија повеќе делови од земјава. Според радарската слика на УХМР, најинтензивни атмосферски процеси се регистрирани во Скопската Котлина, Тиквешкиот регион, Полошко и околината на Демир Хисар.

Невреме проследено со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град попладнево е регистрирано на повеќе места низ државата, покажува радарската слика на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопската Котлина нестабилното време е проследено со грмежи и појава на град, додека поинтензивни атмосферски процеси се забележани и во околината на Демир Хисар.

Силно невреме има и во околината на Градско, каде што се регистрирани јак пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.

Во Тиквешкиот регион, особено во околината на Неготино и Кавадарци, има изразена нестабилност со обилни врнежи, грмежи, силен ветер и локална појава на град.

Нестабилно време е забележано и во Полошкиот регион, каде што на поединечни места има јак пороен дожд и појава на град.

Надлежните препорачуваат граѓаните да бидат внимателни и да го следат развојот на временската состојба и официјалните информации од УХМР.