Временска прогноза

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд

02.07.2026 08:18

Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град...

Претпладне променливо облачно со можна појава на утринска магла по одредени котлини, попладне нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град.