Европа

Невреме зафати неколку држави

02.07.2026 09:04

Поројни дождови, град, силен ветер, поплави и големи проблеми во сообраќајот регистрирани во Словенија, Австрија, Романија и јужните делови на Германија.

Силно невреме ја зафати Централна Европа. Поројни дождови, град, силен ветер, поплави и големи проблеми во сообраќајот регистрирани во Словенија, Австрија, Романија и јужните делови на Германија.

Сепак, екстремното топло време што го зафати континентот продолжува.

Од СЗО велат дека следуваат поекстремни климатски услови во иднина и апелираа властите дополнително да преземат мерките за заштита на населението од последиците на високите температури.