САД
Пар се искачи на врвот на „Емпајр Стејт Билдинг “
02.07.2026 09:08
Полициската станица на Њујорк изјави дека двајцата се приведени откако на врвот на зградата од 443 метри биле најмалку 10 минути.

Две лица се уапсени откако се искачија на врвот на Емпајр Стејт Билдинг и развиорија транспарент за „моќта на љубовта“. Полициската станица на Њујорк изјави дека двајцата се приведени откако на врвот на зградата од 443 метри биле најмалку 10 минути.
Според повеќе медиумски извештаи, инцидентот бил предизвикан од парот Анџела Николау и Иван Биркус, познати алпинисти кои се искачуваат по згради низ светот и наводно живеат во Њујорк.
