МВР

Кривично ќе одговараат и децата и родителите за врсничкото насилство во Аеродром

02.07.2026 17:06

Кривични пријави и за децата и за родителите за случајот во скопски Аеродром, најави министерот за внатрешени работи Панче Тошковски кој побара ажурност и од Јавното обвинителство и судот за да се испрати јасна порака дека нема да се дозволи врсничко насилство.

Кривични пријави за две малолетнички и нивните родители за случајот со врсничко насилство во скопски Аеродром, каде 14-годишно девојче беше брутално тепана и кубена за коси. Се работи на утврдување на идентитетот на останатите малолетници кои ќе одговараат за насилство, а нивните родители на запуштање деца

Тошковски кажа дека мора да има силен институционален системски одговор за ваквите настани. На потег се Јавното обвинителство и судот кои низ транспарентна постапка ќе мора да докажат дека се борат со врсничкото насилство

Вчера по социјалните мрежи протече видео во кое се гледа дека брутално се тепа малолетничка, додека останатите деца го следат и го бодрат врсничкото насилство.

Ване Трајков