Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд

03.07.2026 08:13

Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град...

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град.

Дневната температура ќе се движи од 22 до 34 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.