Македонија

Презентација на нова армиска опрема со поддршка од ЕУ

03.07.2026 09:41

Во Скопје денеска ќе биде презентиран дел од опремата за Армијата набавена со поддршка од Европската Унија преку Европскиот мировен фонд...

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде презентиран дел од опремата за Армијата набавена со поддршка од Европската Унија преку Европскиот мировен фонд.

На настанот ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

За време на настанот освен презентација на опрема, ќе биде изведена показна вежба од страна на припадниците на Армијата.