БЛИСКИ ИСТОК

САД и Иран со закани за Ормускиот теснец

03.07.2026 09:10

Потпретседателот на САД, Венс, изјави дека претседателот Трамп јасно ставил до знаење дека доколку Иранците погодат бродови, САД ќе го возвратат ударот...

Заедничката воена команда на Иран предупреди дека сите танкери за нафта што се движат низ Ормускиот теснец мора да ги користат одобрените рути или ќе се соочат со „силен одговор“. Потпретседателот на САД, Венс, изјави дека претседателот Трамп јасно ставил до знаење дека доколку Иранците погодат бродови, САД ќе го возвратат ударот.

„Ако преговорите бидат успешни, што очигледно сакаме да бидат, ќе го видиме Иран трајно трансформиран, кој не го финансира тероризмот и нестабилноста на регионалните земји, кој трајно се откажува од какви било амбиции за нуклеарно оружје и кој како резултат на тоа е добредојден назад во светската економија. Тоа е одличен исход за американскиот народ. Тоа е добар исход за целиот регион“, изјави Џејмс Давид Венс, потпретседател на САД.

Венс изјави дека сепак смета дека преговорите на крајот ќе покажат дека Соединетите Американски Држави се во одлична позиција.