ВЕНЕЦУЕЛА

Владата на Венецуела негира дека реагирала бавно по потресите

03.07.2026 10:23

Спасувачките екипи и натаму се на терен, се пребаруваат урнатините. Досега загинаа 2.300 луѓе, а повеќе од 11.000 се повредени...

Вршителката на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез, ги отфрли обвинувањата дека владата реагирала премногу бавно на катастрофата од двата земјотреса и ги оставила цивилите да го преземат поголемиот дел од спасувачките напори. Спасувачките екипи и натаму се на терен, се пребаруваат урнатините. Досега загинаа 2.300 луѓе, а повеќе од 11.000 се повредени. Преживеан од разорниот потрес е извлечен од урнатините по осум дена.

„Не чекавме еден ден, два или три дена. Веднаш се активиравме. Секако, на местата каде што се урна зграда, првите луѓе што пристигнаа беа преживеаните, роднини и соседи. Да се политизира хуманитарна трагедија како оваа кога венецуелската влада и нејзините власти не штеделе никаков напор е срамно“, изјави Делси Родригез, в.д претседателка на Венецуела.

Забелешките на Родригез следуваа еден ден пред да истече продолжувањето на нејзиниот 180-дневен мандат како вршител на должноста.