Молдавскиот премиер поднесе оставка
Александру Мунтеану поднесе оставка, без да наведе конкретна причина за повлекувањето од функцијата. Мунтеану беше премиер од ноември изминатата година.

Молдавскиот премиер, Александру Мунтеану поднесе оставка, без да наведе конкретна причина за повлекувањето од функцијата. Мунтеану беше премиер од ноември изминатата година.
Во објава на социјалните медиуми, тој истакна дека одлуката ја донел откако сфатил оти повеќе не може да го извршува мандатот во согласност со своите принципи и уверувања.
Тој додаде дека ќе продолжи да и служи на својата земја од која било позиција, без разлика каде ќе живее и дали ќе биде ангажиран во јавниот или во приватниот сектор. Оставката следува во момент кога Кишињев и официјално ги стартуваше преговорите со Европската Унија.
