Одржливоста клучен фактор за конкурентноста на компаниите
Одржливоста се повеќе станува предуслов за конкурентноста. Бизнисот соочен со бројни предизвици. На форумот во Скопје, на едно место релевантни актери за да истражат, како одржливоста може да стане двигател на конкурентноста и бизнисите во Македонија...

Одржливоста не е веќе еколошка определба, туку клучен фактор за конкурентноста на компаниите во време на геополитички тензии, инфлаторни притисоци, променливи пазари, климатски промени. Отпорноста на компаниите значи и поголема сигурност на работните места, повисоки плати и одржлив економски развој-истакна премиерот Мицкоски при обраќањето на Форумот посветен на подобрување на одржливоста на компаниите.
Стабилизацијата на јавните финансии го потврдува тоа-вели тој, но и податоците. Ако од 2017 до 2023 година растот изнесувал 1,8, на реалниот БДП последниве две години е зголемен на 3,5. Инфлацијата од 14% е намалена на 4,5 а до крајот на годината очекува да достигне 4 %. 4,4 милијарди евра се вратени долгови.
Новите стандарди не се товар, туку можност за модернизација за поголема конкурентност на компаниите. ЕУ останува силно посветена на зелената транзиција, на поддршката на вештини, иновации и технологија.
Големите компании веќе инвестираат во енергетска ефикасност и дигитализација, но потребно е и малите и средни како ’рбет на општеството.
Бизнис секторот оценува дека добро се справуваме со проблемите предизвикани и енергетската и воената криза. Отворањето на границите особено последниве шест месеци позитивно влијае на бизнисот. Како предизвик остануваат корупцијата, сивата економија, гасификацијата иако оценува дека има напредок.
Александра Велинова
