Од молк до надеж-приказна за храброст и поддршка
Зад многу тивки домови се крие гласен проблем. Семејното насилство не завршува само со пријавата-тогаш започнува борбата на жртвата да биде слушната, заштитена и да добие вистинска поддршка.

35 годишна битолчанка, мајка на едно дете, од 14 години во брак, цели тринаесет била жртва на семејно насилство. Недовербата во институциите, стравот дека нема кој да застане зад неа, како и срамот од околината-биле клучни да молчи да трпи психичко, финансиско и физичко насилство од сопругот.
Промените започнале кога се запознала со психолог од женскиот Центар за поддршка во Битола. Во текот на двегодишното советување-полека и се враќа самодовербата. Почувствувала дека не е сама, дека има надеж и дека е време да стави крај тортурата.
Имаме добар закони за заштита на жртвите од родово базирано насилство но во минатото се потврдиле големи слабости во функционирањето на системот. Вели Елизабета Талеска-поранешен раководител и водител на случаи во ЦСР Битола-работите се подобруваат и жртвите се охрабруваат да побараат помош.
Женски центар за семејно насилство-нуди целосен индивидуален пристап-бесплатна психолошка, правно и кариерно советување. Вршат и придружба на жртвите до институции, им помагаат да пронајдат сместување
Женскиот центар во Битола во своето четиригодишно постоење има помогнато на повеќе од 100 жени жртви на семејно насилство.
Александра Максимовска
