МВР

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени во работна посета на граничните премини Табановце и Белановце

03.07.2026 19:03

Денеска, заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на граничните премини Табановце и Белановце, со цел непосреден увид во функционирањето на граничните служби, тековните состојби и оперативните активности што се реализираат во рамки на граничното управување.

Денеска, заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на граничните премини Табановце и Белановце, со цел непосреден увид во функционирањето на граничните служби, тековните состојби и оперативните активности што се реализираат во рамки на граничното управување.

На работните средби присуствуваше и началникот на Регионалниот центар за гранични работи „Север“, Дугаџин Каштањева, при што беа разгледани актуелните состојби на двата гранични премини, нивото на подготвеност и предизвиците со кои се соочуваат полициските службеници во секојдневното работење.

За време на посетата на ГП Табановце, посебен акцент беше ставен на функционирањето на системот „One Stop“, како современ модел на гранична контрола кој овозможува побрз и поефикасен проток на патници и возила. Беше констатирано дека имплементацијата на овој систем придонесува за подобрена ефикасност на работните процеси, пократко време на чекање и поуспешна координација меѓу надлежните служби.

Воедно, на средбите беше разговарано и за идните активности поврзани со понатамошната модернизација и унапредување на граничното управување, вклучително и можностите за имплементација на современи системи и решенија на останатите гранични премини.

Заменик министерот Исени ја истакна определбата на Министерството за внатрешни работи за континуирано инвестирање во унапредување на капацитетите на граничната полиција, со цел обезбедување повисоко ниво на безбедност, ефикасност и поквалитетни услуги за граѓаните и сите учесници во граничниот сообраќај.