Битола

Пропаѓаат Хераклејските мозаици

03.07.2026 18:36

Едно од најзначајните културно-историски богатства во земјава оставено на забот на времето. Дел од мозаиците во Хераклеа над една деценија се покриени со песок и не се достапни за посетителите. За заштита и одржување на мозаиците годинава се издвоени само 180 илјади денари.

Ни се губи ли пред очи значајно културно историско наследство? Под песокта, обраснати со коров и со трева над една деценија мозаици од петтиот век немаат видено светлина на денот.

Мозаичната површина „Опус сектиле“ е во најлоша состојба. И покрај ефикасните современи методи, на овој локалитет и натаму за заштита се користи песокта.

За јавноста се отворени само четири мозаични површини.

За отворање, одржување и за затворање на мозаиците на „Хераклеја Линкестис“ за 2026 година се одвоени само 180 илјади денари, велат од Завод и Музеј-Битола.

 

Ружица Аџикотарева Ѓоршевска