Штип

Пожарите пустошат, хуманоста обединува

05.07.2026 10:40

Пред неполн месец пожар во Штип зафати викендичка, а сопственикот во обид да ја спаси, се здоби со изгореници од втор степен. Овој страшен настан ги обедини граѓаните кои помагаа во санирање на штетата. Повредениот сопственик закрепнува, но емоциите од 11 јуни сè уште се силни.

Спречена е катастрофа, пожарот не ја зафати викенд населбата Кужите во непосредна близина и што е најважно, спасен е човечки живот

Ѓоргиевски преку Хуманитарната „Подај рака – спаси живот“ на денот на несреќата вети обнова на целосно изгорениот покрив на објектот. Ветено – реализирано

Пожарите ја ставаат на испит професионалноста на пожарникарите, но и хуманоста на граѓаните. Оваа приказна е потврда и за едното и за другото.

Славица Величковска