Временска прогноза

Сончево со умерен до засилен ветер од северен правец

04.07.2026 08:44

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе достигне удари од 60 километри на час...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе достигне удари од 60 километри на час.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 33-от степен.