Сончево со мала до умерена локална облачност
Во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)...

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на одделни места повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 21 степен, додека максималната дневна температура ќе биде меѓу 23 и 33 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во одделни делови од котлината повремено ќе биде засилен. Максималната дневна температура ќе достигне до 32 степени.
