Регулаторна комисија

Денеска нова одлука за цените на горивата

06.07.2026 09:42

РКЕ денеска треба да ги соопшти новите цени на нафтените деривати. Во моментов моторен бензин еуросупер БС – 95 се точи за 84,50 денари/литар, Еуросупер БС – 98 – 86,50 денари за литар...

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите цени на нафтените деривати. Во моментов моторен бензин еуросупер БС – 95 се точи за 84,50 денари/литар, Еуросупер БС – 98 – 86,50 денари за литар.

Дизел гориво еуродизелот е 80,00 денари/литар, а екстра лесното масло – 79,50 денари/литар во пресрет на новите цени на горивата премиерот Мицкоски изјави дека очекува да има зголемување на цените на дизелот за околу 2 до 2.5 по литар и на бензините за околу 1 денар по литар, како последица на растот на цената на суровата нафта на светските берзи.

И покрај најавеното зголемување, премиерот порача дека Македонија и понатаму има едни од најниските цени на горивата во регионот и дека владата внимателно ги следи состојбите на енергетскиот пазар. Конечната одлука, сепак, ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика.