ЦУК

Во последното деноноќие регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор

06.07.2026 08:36

Активни пожари има во општина Струмица – Ново Село, под контрола е ставен пожарот Општина Кавадарци, а изгаснати се пожарите во Општина Сарај, Пехчево, Штип, Теарце, Брвеница – с. Челопек, Македонски Брод, Прилеп, Ресен, Старо Нагоричане, Куманово, и Велес...

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои според Центарот за управување со кризи еден активен, еден е под контрола, а останатите се изгаснати. Активни пожари има во општина Струмица – Ново Село, под контрола е ставен пожарот Општина Кавадарци, а изгаснати се пожарите во Општина Сарај, Пехчево, Штип, Теарце, Брвеница – с. Челопек, Македонски Брод, Прилеп, Ресен, Старо Нагоричане, Куманово, и Велес.

Овие податоци сè уште еден доказ дека летото во Македонија веќе одамна не е само сезона на високи температури, туку период во кој сувата трева, ветерот, запуштените дворови, лабавите електрични водови и човечката невнимателност можат за неколку минути да станат јавна опасност.

Директорот на ДЗС Ангелов со апел со граѓаните – да не се пали оган на отворено во текот на летото – ниту за чистење дворови, ниту за палење стрништа, ниту за скара. Доколку пак граѓаните забележат оштетени далноводи и други дефекти на електричната мрежа истите да ги пријават во ЕВН или на бројот 112.