Инфраструктура

Во август стартува изградбата на автопатот Скопје–Блаце

06.07.2026 17:00

Во август почнува изградбата на автопатот Скопје–Блаце, откако беше затворена финансиската конструкција за проектот вреден над 220 милиони евра. Новата делница, со поддршка од ЕБОР и Европската Унија, треба да ја подобри регионалната поврзаност и да го олесни патничкиот и товарниот сообраќај кон Косово и регионот.

Автопатот Скопје-Блаце, вреден над 220 милиони евра и ќе почне да се гради во август. Меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој потпишаа договор, затворена финансиската конструкција за проектот. Дел од парите, 30,8 милиони евра се грант од Европската Унија преку Рамката за инвестиции за Западен Балкан. Новиот дел ќе биде долг 10,5 км, а заедно со претходно-изградените 1,5 км, автопатот од клучката Стенковец до границата ќе достигне 12 километри.

Премиерот рече дека ќе се развиваат 6 автопатски делници во земјава.

Од ЕБОР велат дека овој проект е важен за цел регион.

„Ова е одличен проект за земјата затоа што ја подобрува регионалната поврзаност, особено со Косово, а го поддржува економскиот раст. Тоа е навистина мошне важно особено за создавањето работни места. ЕБОР остануваат посветени да ја поддржуваат земјата особено во однос на развојот“, соопштија од ЕБОР.

Вицепремиерот Николовски автопатот Скопје-Блаце ќе стане клучна сообраќајна крстосница на Балканот.

Автопатот е дел од регионалниот коридор што ја поврзува Македонија со Косово, а понатаму и со Црна Гора и пристаништето Бар.

Се очекува новата сообраќајница значително да го подобри патничкиот и товарниот транспорт и економската поврзаност на регионот.

Од Владата очекуваат проектот да биде завршен за околу 4 години.

 

Борис Грујоски