Во потрага по лажниот рај на исламскиот пуританизам во Исламската држава
Забавен парк со насмеани дечиња. Фотографија – бакнеж од тато и пушка в рака. Разгледницата на ИДИЛ поттикна многу муслимани во потрага по егзотичниот рај на џихадот. За многумина ова е идеалната околина за одгледување деца.

Родена како Светлана Хасанова, го прифатила исламот кога се омажила со Сахин. Уживала во животот. Сакала да плива, да јаде и да пие вино. Но откако го родила детето почнала да се менува – да се покрива и да се моли, да контактира со џихадистите. Тоа го растурило нивниот брак – сопругот вели дека е умерен и едноставно не се моли пет пати дневно. Наскоро Светлана или Уми Абдула со синот в рацете, во Исламска Држава побарала заштита од секуларниот свет на секс, дрога и алкохол во секуларна Турција.
„Го однесов син ми кај мајка си според законот. Кога отидов да го земам, дознав дека мајка му го однела во Газинтеп, со муџахедин што го запознала на Фејсбук. Преминале во Рака незаконски“, вели Сахин Актан, сопруг.
Експертите предупредуваат – од сите исламски земји, дури и од модерната Турција, цели семејства заминуваат во потрага по лажниот рај на исламскиот пуританизам.
„Мислат дека можат целосно да го доживеат исламот на таа територија, затворена, безбедна. Ако ги игнорирате сликите на насилство или политичката агенда, тој свет е неодржлив и станува лажен рај“, вели Ахмед Касим Хан, професор по меѓународни односи.
„Има многу жртви како мене. Не сум единствениот. Но луѓето не смеат да се огласат“, вели Сахин Актан, сопруг.
Не е познато колку семејства тргнале по патот на Уми Абдула, но турските власти се сомневаат за силен проток преку границата. Овој проблем, за жал, доби многу помалку внимание од џихадистите од сите земји кои заминуваат на сирискиот фронт.
Ивана Салтировска
