Посета
Еврокомесарката Марта Кос во посета на Скопје
08.07.2026 08:24
Се очекува да го потврди напредокот во реформската агенда, но и да ја охрабри владата истото да го направи и во пристапните преговори, односно да ги спроведе уставните измени.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос доаѓа во Скопје, на средба со премиерот Мицкоски. Се очекува да го потврди напредокот во реформската агенда, но и да ја охрабри владата истото да го направи и во пристапните преговори, односно да ги спроведе уставните измени.
Кос вели дека Европската унија досега никогаш нема дадено гаранции на земја-кандидат дека нема да има никаков спор во процесот на преговори.
Покрај заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски, Кос ќе има средби и со вицепремиерот за европски прашања Беким Сали и со собранискиот спикер Гаши.
