Повторно ескалираат тензиите на Блискиот Исток
Кратко траеше прекинот на огнот на Блискиот Исток. САД извршија нови жестоки удари врз Иран, како одговор на нападите врз три танкери во Ормускиот теснец. Техеран тврди – возвратиме врз 85 американски воени цели во Бахреин и во Кувајт. По обновените непријателства, бродовите почнаа повторно да го избегнуваат теснецот. САД решија да го повлечат одобрението за продажба на иранската нафта.

Прекинот на огнот меѓу САД и Иран е завршен, објави претседателот Трамп откако двете земји разменија напади. Шефот на Белата Куќа истакна дека преговарачите од двете страни можат да продолжат со разговорите но тоа би било губење време. Тензиите се разгореа одново на Блискиот Исток откако САД извршија воени акции во Иран, како одговор на вчерашните напади врз три танкери за нафта во Ормускиот теснец. Исламската Република возврати со ракети, во Кувајт и во Бахреин активирани сирените за воздушни напади.
„Мислам дека е готово. Не сакам повеќе да се занимавам со нив. Тие се ѓубре. Тие се болни луѓе. И ако имаа нуклеарно оружје, ќе го употребеа. Што се однесува до мене, готово е. Ќе разговарам со нашите преговарачи. Што се однесува до мене, тоа е само губење време да се работи со нив. Тие се лажговци“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Од иранското МНР велат дека САД го прекршиле меморандумот, потпишан изминатиот месец. Дебатата меѓу Вашингтон и Техеран требаше да продолжи по погребот на ајатолахот Али Хамнеи, со фокус на целосно отворање на Ормускиот теснец и укинување на спорната нуклеарна програма.
„Агресивниот американски режим уште еднаш ја повтори својата навика да ги крши договорите и, во состојба на паника, се обиде да го засени овој историски настан погребната церемонија на Хаменеи. Во раните утрински часови, отворено го прекрши прекинот на огнот и договорот од Исламабад со извршување воздушни напади врз голем број крајбрежни бази и цивилни станици.“-Соопштение на Исламската Револуционерна гарда.
Претседателот на Трамп од самитот на алијансата во Турција упати критики кон земјите-членки за одлуката да останат надвор од конфликтот со Исламската Република. Генералниот секретар Руте вели дека го разбира разочарувањето од американската страна, но потенцираше дека 5.000 летови биле изведени од европските бази.
Маријана Димовска
