Македонија

Бактеријата салмонела причина за труење на 44 работници од Прилеп

08.07.2026 17:57

Бактеријата салмонела е причинителот за труење на 44 работници од прилепска компанија кои консумирале оброк од кетеринг фирма, констатира прилепскиот Центар за јавно здравје. Стапката на труење е висока, сè уште се затворени кујната во кетеринг фирмата и мензата во компанијата.

Бактеријата салмонела е причинител на труењето со храна на 44 вработени во прилепската компанија „Микросам“ кои минатиот понеделник, на 29 јуни, во мензата на компанијата ручале макарони со јајца и изварка, доставени од кетеринг фирмата „Рустика“.

Ова го констатира прилепскиот Центар за јавно здравје по анализите од каде велат-стапката на труење е висока со 75,5 проценти. Шестмина завршиле на болничко лекување.

Во Институтот за јавно здравје сè уште се испитуваат примероците од готовиот оброк, оти надлежните при вонредната инспекција во кетеринг-фирмата не наишле на изварката и јајцата употребени во оброкот.

Елизабета Митреска